Вежби за горниот дел од телото за жени со оперативен зафат на репродуктивните органи

  • Почетна
  • Новости
  • Вежби за горниот дел од телото за жени со оперативен зафат на репродуктивните органи

На 16.03, во салата на ООУ„Гоце Делчев“, се одржа работилница со вежби наменета за членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести. Оваа работилница со вежби за горниот дел од телото за жени со оперативен зафат на репродуктивните органи ја водеше лиценцирана физиотерапевтка Марија Таушанова Стеванова.

Целта на оваа работилница е рехабилитација за жени оперирани од карцином на репродуктивните органи.

Овие вежби можат да помогнат и во:

– Превенција од појава на лимфоедема во граднио кош,

– Да послужат како потпора на правилно држење на телото, со тоа и намалување на болката и

– Слободно движење на градниот кош и правилно дишење и издишување и истегнување и олабавување на горните екстремитети.

Оваа активност е дел од проектот “ Заедно да превениреме и се бориме против ракот на дојка “. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен