Основна обука за претставници на институции во општина Свети Николе

  • Почетна
  • Новости
  • Основна обука за претставници на институции во општина Свети Николе

На 15 март се одржа првата од двете планирани за оваа година еднодневни основни обуки за концептот на интегрирање на родова перспектива и градење на родово сензитивни локални институции наменети за претставници од различни институции во општина Свети Николе. На оваа обука учествуваа 16 претставници од 8 различни институции. До сега преку вакви работилници во изминатите 2 години беа опфатени 44 претставници од десетина локални институции кои директно или индиректно работат со различни целни групи.

Целта на оваа основна обука е учесниците да се стекнат со основни знаења, вештини и вредности кои ќе им овозможат ефективно да се интегрира концептот на родова еднаквост во нивната секојдневна работа.

Обуката беше концепирана во два дела. Во првиот дел, учесниците добија основни информации за концептот на родова еднаквост и еднакви можности за сите. Во вториот дел, учесниците беа поделени во различни работни групи и имаа задача да идентификуваат веќе постоечки практики во институцијата од која доаѓаат, како и да планираат најмалку 5 потенцијални активности во рамките на организацијата и 5 активности кон заедницата што може да ги вклучат во нивната работа. Преку работата во групи и презентација на сработеното, учесниците покажаа иновативност и креативност во предлози за унапредување на родовите аспекти во  своите иституции и кон целните групи.

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен