Отворен ден во канцеларијата на ОЖОСВН

03.06.2021 година (сабота) беше ОТВОРЕН ДЕН во Организација на жените на Општина Свети Николе.

Граѓаните и граѓанките од Општина Свети Николе имаа можност да дојдат во просториите на ОЖОСВН од 09 до 13 часот, за да се информираат за Законот за бесплатна правна помош и да се запознаат со услугите кои ги нуди Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална заштита.

Отворениот ден на располагање понуди и правник, адвокат и психолог кои беа достапни за советување  и разговор за сите кои што дојдоа.

Под мотото „Не си сам/а!“ , ОЖОСВН уште еднаш покажа дека руши стереотипи со тоа што постојано, во континуитет ги охрабрува луѓето што имаат психички проблеми да дојдат и да си помогнат себе си и на своето ментално здравје а, пак, оние што имаат правни проблеми – успешно да ги решат,  потпомогнати од стручни лица во доверлива, пријатна и професионална атмосфера!

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и Фондација Kvinna till Kvinna, а финансиран од Европската Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен