Отворен настан под кампањата „Ние сме сè уште тука за тебе“

Изминатaта недела во општинската сала во Свети Николе на нашиот отворен настан под кампањата „Ние сме сè уште тука за тебе“ имавме можност да се дружиме со Огнен Јанески и да разговараме за институциите и граѓанските организации во поддршка за правда за граѓаните.

Им благодариме на нашите гости од МВР Свети Николе, како и гостите од Центар за социјална работа-Свети Николе, и на сите останати што ни се придружија во дискусијата и ја поддржаа нашата кампања.


Те охрабруваме, разговарај отворено и во сигурна средина.
Нашите експертски тимови се тука за да ти обезбедат бесплатна психосоцијална и правна помош.
Јави се за поддршка до потребната сигурност и безбедност.
Не заборавај, ние сме сè уште тука за тебе!

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен