Работилница: Grocery Games: What Can I Buy?

ОЖОСВН во соработка со волонтерите во обука од Мировниот корпус: Вероника, Крис и Бен, на 31.10.2023 оддржа работилница, насловена како „Grocery Games: What Can I Buy?“ 🌱

 

 
Овој настан беше совршен начин да се заврши месецот октомври – месец за подигање на свеста за ракот на дојка🎗️преку практикување на здрав начин на живеење, исхрана, вежбање, релаксација и редовни превентивни прегледи на доктор.

 
Учесничките кои беа дел од работилницата преку интерактивна игра открија како да прават поздрави избори кога купуваат намирници и да практикуваат поздрав начин на живот. 🍏🥦

 

 
Благодарност до Доброволно противпожарно друштво од Свети Николе кое секогаш ни излегува во пресрет за бесплатно користење на нивниот простор.
 
 
Да продолжиме да ја шириме пораката за добро здравје и благосостојба и после октомври! 🌻💪
 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен