На 28.04. и 29.04 се одржаа втората и третата работилница на тема „Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе“. На работилниците присуствуваа млади од општина Свети Николе, а истите ги фасилитираше Владимир Смилев – младински работник.
Работилницата започна со претставување на клучните термини од Законот за младинско учество и младинска вклученост, како што е Службеник за млади, Канцеларија за млади, Локален младински совет, Младински Центар и нивните улоги во општината. Повторувањето на овие поими за младите кои учествуваа на претходните активности, беше важно за да се осигураат младите дека имаат јасно разбирање за нивните улоги и одговорности.
Потоа, учесниците дознаа повеќе за процесот на формирање на Локален младински совет.Транспарентен начин на формирање на ЛМС е суштински дел да се осигураме дека советот е репрезентативен и одговорен на потребите на локалната младинска заедница. Беше истакната и улогата на Иницијативниот одбор, бидејќи тој е одговорен да го надгледува процесот на формирање на ЛМС и да обезбеди вклучување на сите релевантни чинители.
Учесниците беа активно ангажирани во текот на целата работилница. Ова укажува дека тие беа заинтересирани за темата и беа подготвени да учат. Активниот ангажман на учесниците, исто така, покажува дека работилницата била ефективна во постигнувањето на нејзините цели.
На третата работилница учесниците имаа рефлексија од претходните две работилници и се запознаа со процесот на формирање на Локалното собрание на млади. На крајот на работилниците младите преку квиз го ревидираа сработеното за тој ден, за појаснување на формирањето на Локалното собрание на млади и функционалноста на Локалниот младински совет. Активното учество на младите, покажува дека тие беа активно ангажирани и заинтересирани за учење.
Се надеваме дека целиот овој процес на учење ќе придонесе за конституирање на Локален младински совет во општина Свети Николе во согласност со Законот и ќе придонесе кон подобрување на целокупната состојба со младите во општината.
Овие работилници се дел од проектот „Вклучени млади, силни заедници“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.