Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) има потреба од
АНГАЖИРАЊЕ на едукаторка за тридневен тренинг за граѓански ангажман и вклучување на девојки и млади жени во заедницата
Опис на активноста
Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за ангажирање на лице/лица – едукатор/ка во рамки на проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 3“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Шведска.
Проектот има за цел да придонесе кон зајакнување на активното учество на девојките и жените, подобрување на свеста за правата на жените, родовата еднаквост, психо-социјалната благосостојба и пристапот до правда за жените и девојките во Вардарскиот и Источниот дел на Македонија.
Тренингот за граѓански ангажман и вклучување на девојки и млади жени на различни нивоа во заедницата има за цел да ја подигне свеста на девојките и младите жени и ги зајакне нивните капацитети со знаења и вештини за родова еднаквост, женски активизам и учество во заедницата. Тридневниот тренинг е наменета за 20 девојки и млади жени од општините: Свети Николе, Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Пехчево, Делчево, Кочани, Виница, Пробиштип на возраст од 15 до 29 години.
Тренингот ќе се реализира во периодот од 17 до 20 јуни 2024 година, а местото на одржување дополнително ќе биде потврдено.
За потребите на оваа активност, Организација на жените на општина Свети Николе има потреба од ангажирање ЕДУКАТОР/КА:
ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ
– Учество на работни состаноци со проектниот тим;
– Подготовка на нацрт програма/агенда за времетраење на тренингот;
– Подготовка на материјали за тренингот (презентации, едукативни материјали и др.);
– Спроведување на пред и пост евалуација на учесничките за темата (да се измери подобрувањето на знаењата, вештините и ставовите на учесничките);
– Спроведување на тренинг;
– Подготовка на извештај за спроведениот тренинг и постигнатите резултати.
Временска рамка
Работниот ангажман е во траење од 6 работни дена (15-21 јуни 2024, 3 тренинг, 2 подготовка и 1 извештај).
Профил и потребни квалификации
– Најмалку 3 годишно професионално искуство во работа со млади и спроведување на тренинзи/обуки во соодветната област;
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
– Соодветни организациски и презентациски вештини со иницијативен и динамичен пристап;
– Проактивност и професионалност;
Како да се пријавите?
Ве молиме да доставите:
– CV – кратка биографија;
– Листа на слични реализирани тренинзи на темата и активности со млади;
– Методологија за реализација на тренингот. Пријавата треба да ја доставите по електронска пошта на womsvetinikole@yahoo.com, со предмет на пораката: ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН – ЕДУКАТОРКА – тренинг за девојки
Рокот за пријавување е заклучно 3 јуни 2024 година. Само кандидатите кои ќе ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и по потреба ќе се организира интервју/онлајн состанок.
Повеќе информации на:
+389 32 444 620
+389 78 305 814 – Јасмина Трајчева, проектна координаторка
www.womsvetinikole.org.mk
womsvetinikole@yahoo.com