ПОВИК ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АКЦИИ

Здраво, млади луѓе од Свети Николе!

Дали барате можност да направите разлика во вашата заедница?
Дали сакате да ја покажете вашата иницијатива и да преземете акција за да создадете позитивни промени?
Сакаме да слушнеме од вас!
Организација на жените на Општина Свети Николе во рамките на проектот „Вклучени млади, силни заедници“ финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА  го објавува овој јавен повик за поддршка и спроведување на локални акции во Општина Свети Николе.
Сите предложени акции треба да бидат насочени кон активности кои се фокусираат на решавање локални проблеми кои ги засегаат младите (15-29 години). Акциите кои ќе бидат поддржани треба да се однесуваат на подобрување на животната средина, самоорганизирање и самозастапување пред локалните институции, креативност и проактивност, едукативни и хуманитарни кампањи, изготвување на акции за подобрување на животот во општината, како и други потреби кои младите сметаат дека со нивно активно вклучување и граѓански ангажман ќе се подобрат.
Ги охрабруваме сите млади да предложат свои идеи и заеднички да придонесеме за поквалитетен живот во општина Свети Николе.
Сите пристигнати апликации ќе бидат оценувани од страна на петточлена Комисија за евалуација, а секоја од избраните акции ќе биде поддржана со финансиски средства од 20.000 – 30.000 денари.
Ова е ваша шанса да направите мали промени за младите во вашата заедница и да станете лидер во создавањето позитивни промени.

Не ја пропуштајте оваа можност!

Повикот ќе биде активен во периодот од 08/05/2023  до 17/05/2023 година.

Вашите идеи можете да ги доставите на следниот линк:  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfE7Ar3FlpYq4dIwcDfcRh3hRPQ6Lmp1nTncShvPN83f_xIvg/viewform

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен