Преку Локален економско социјален совет до социјален дијалог

  • Почетна
  • ОЖО
  • Преку Локален економско социјален совет до социјален дијалог

Според Меѓународната организација на трудот, социјалниот дијалог се дефинира како: „сите видови преговори и консултации, како и размената на информации помеѓу претставниците на владата, работодавачите и работниците во врска со прашања од заеднички интерес кои се однесуваат на економската и социјална политика“. Социјалниот дијалог на локално ниво опфаќа економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа, како и специфични прашања од областа на вработување на младите и потребите на пазарот на трудот. Процесот на развивање на социјалниот дијалог на локално ниво и формирање на локални економско-социјални совети е инициран од Сојузот на синдикатите на Македонија (CCM). Постапката за формирање на ЛЕСС започнува со донесување одлука за формирање на ЛЕСС од страна на Советот на општината. Со цел на ЛЕСС да му се даде правен легитимитет и да се дефинира неговото функционирање на ниво на општина, Советот на општината донесува одлука со која го овластува градоначалникот од името на општината да ја потпише Спогодбата за формирање на ЛЕСС, која пак ги дефинира целите и задачите на ЛЕСС, составот и изборот на членови, начинот на работа и одлучување.

Локален економско социјален совет (ЛЕСС) Свети Николе за прв пат е формиран на 27 август 2015 година и брои 12 членови со структура која ја следи рамноправната застапеност на локалната самоуправа и социјалните партнери (Организација на работодавачи на РМ, Конфердерација на слободни синдикати на РМ, Сојуз на синдикати на Македонија). ЛЕСС на општина Свети Николе има консултативно-советодавна функција, истиот се основа со цел воспоставување, поттикнување и развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, а разгледува прашања, дава мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за прашања од економско социјалната сфера, особено прашањето за вработување на младите и зајакнување на суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на труд и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот процес.

ОЖОСВН во соработка со општина Свети Николе, од април 2022 година се дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ кој го реализира Младински културен центар од Битола со финансиска поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска. Проектот има за цел да даде поддршка на локалните актери во процесот на зајакнување и развој на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) како механизми за унапредување на социјалниот дијалог.

На следниот линк може да ја погледнете брошурата „Придонесот на локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) во социјалниот дијалог – Досегашно функционирање и како понатаму?“

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен