Работилница „Лажни вести во медиумите“

ОЖОСВН како партнерска организација на Локална Акциона Група (ЛАГ) Vallis Colapis од Карловац, Хрватска беше дел од проектот „Читај, Анализирај, Критизирај, Размисли – Реагирај“, каде наши млади волонтери во текот на мај беа дел од 10 дневен тренинг во Карловац, Хрватска. Главната цел на проектот беше да им овозможи на младинските работници/младински лидери кои учествуваа на тренингот да стекнат знаења и вештини кои понатаму низ нивната работа ќе ги применат за да ги научат младите да бидат посвесни медиумски потрошувачи преку критичка анализа на информациите што ги добиваат.

По завршувањето на тренингот, нашите волонтери, на 26 мај 2022 година, ги десиминираа стекнатите знаења на млади од Свети Николе. Во соработка со средното училиште „Кочо Рацин“, Свети Николе, се одржа еднодневна работилница на тема „Лажни вести во медиумите“. Целта на оваа работилница беше, како да се препознаат лажните вести, начини на кој може да се откријат точните извори на една вест и начини на рекција при читање на истите. Работилницата беше одржана од страна на учесниците на тренингот, Спасев Дамјан и Александар Лазев.

Различни видови содржини, вклучувајќи слики, текстови, графикони се насекаде низ социјалните медиуми кои што секојдневно ги користиме се почесто. Во текот на последните неколку години, се повеќе луѓе користат софтвер за уредување слики. Речиси секој може да направи значителни промени на сликата користејќи софтвер за уредување фотографии, од менување бои и осветлување, до додавање и бришење информации. Но, истото се случува и со текстовите кои ги читаме. Еден текст при секое споделување може да претрпи измена што на крај може да резултира со недоверлива и неверодостојна информација. Овие теми беа само дел од она што беше дискутирано на самата работилница на која учествуваа 17 млади.

Оваа тема, заедно со интернет безбедноста се прашања на кои треба и понатаму активно да се работи особено со млади.

Проектот “Read, Analyze, Criticize, Think – REACT!“ финансиски е поддржан од Еразмус+

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен