проект: Заедно во борба против ракот на дојка

Работилница „Мерки, заштита и начин на функционирање на здравствените институции во време на Ковид – 19“

На 05 Август 2020 година, со почеток во 18.30 часот, Организацијата на жените на општина Свети Николе реализираше работилница со членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести. Целта на оваа работилница беше, низ интерактивен пристап да се запознаат присутните како функционира здравствениот систем за време на пандемија, кои мерки се потребни за да се заштити секој пединец во општеството, како да го зачува своето физичко и ментално здравје и здравјето на најблиските, затоа што ако човекот е здрав и знае како да се заштити, може многу да придонесе за пошироката заедница. На работилницата беа запазени сите протоколи за заштита од корона вирус, а на присутните жени, како и останатите членки на групата за самопомош беше обезбедена донација од визири, донирани од Асоцијација на специјализанти и млади лекари – АЦМЛ, со посредство на порталот Ovcepole.mk

Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно  во борба против ракот на дојка“ финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен