проект: Транспарентноста како политика за градење доверба

ОЖОСВН подготви Комуникациска стратегија

Со цел да се подобри целосната внатрешна и надворешна организациска комуникација на ОЖОСВН, да се воспостават канали за комуникација и информирање на различни конституенти и да се пренесе вистинската порака до конкретна целна група, на партиципативен начин е креирана организациска комуникациска стратегија.

За таа цел прво се направи анкетно истражување на различни категории конституенти и со анализата произлегоа насоки за подобрување и унапредување на комуникацијата, а потоа се реализира сет од физичка работилница и електронски консултации предводени од надворешен експерт.

На 6 (шести) август, со почитување на протоколите за одржување на работилници за време на корона вирусот, се одржа еднодневна работилница за креирање на стратегијата и на истата учествуваа вкупно 10 учесници-претставници од различни организациски структури. На работилницата, се постави костурот за изработка на комуникациската стратегија, а по завршување на работилницата, драфт верзија на истата беше проследена до сите учесници заради коментари и сугестии. Со финализирање на стратегијата, ОЖОСВН за првпат доби сеопфатна комуникациска стратегија која ќе придонесе кон поголема и унапредена, комуникација, информираност и транспарентост кон сите свои конституенти.

Комуникациската стратегија е во корелација со стратешкиот план на организацијата и со тоа и нејзиниот период на траење е од 2020 до 2024 година.

Оваа активност е дел од проектот „Транспарентноста како политика за градење доверба“, регрантиран од Македонски центар за меѓународна соработка, финансиран и поддржан од Европска Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен