Проект: Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство

  • Почетна
  • Проекти
  • Проект: Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство

Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство

pexels-gary-barnes-6231630

Времетраење: 01.01.2021 – 31.12.2021  

Локација: Општина Свети Николе

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Да се придонесе кон подобрување, унапредување или воведување нови локални политики за помош и поддршка на жените и девојките жртви на семејно и/или родово базирано насилство

Активности:

  • Да се изработи Методологија за спроведување на Процена на потребите за помош и поддршка на жените жртви на насилство кои го напуштиле насилниот партнер и/или донеле одлука да го напуштат
  • Да се подготви извештај со наоди од спроведената процена
  • Да се подготви Програма за реинтеграција на локално ниво преку усогласување на Предлог моделот за реинтеграција на жени жртви на семејно насилство со наодите од извештајот од спроведената проценка
  • Да се развие план за застапување на програмата за реитеграција на локално ниво
  • Да се започнат активности за застапување пред локали и национални институции и агенции за усвојување и институционализирање на предлог програмата за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство и семејно насилство на локално и национално ниво.

Буџет: 183.000 МКД

Проектот е регрантиран од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со Автономен женски центар, Србија, а финансиски поддржан од Австриска Агенција за Развој

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен