Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство

Времетраење: 01.01.2021 – 31.12.2021
Локација: Општина Свети Николе
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Да се придонесе кон подобрување, унапредување или воведување нови локални политики за помош и поддршка на жените и девојките жртви на семејно и/или родово базирано насилство
Активности:
- Да се изработи Методологија за спроведување на Процена на потребите за помош и поддршка на жените жртви на насилство кои го напуштиле насилниот партнер и/или донеле одлука да го напуштат
- Да се подготви извештај со наоди од спроведената процена
- Да се подготви Програма за реинтеграција на локално ниво преку усогласување на Предлог моделот за реинтеграција на жени жртви на семејно насилство со наодите од извештајот од спроведената проценка
- Да се развие план за застапување на програмата за реитеграција на локално ниво
- Да се започнат активности за застапување пред локали и национални институции и агенции за усвојување и институционализирање на предлог програмата за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство и семејно насилство на локално и национално ниво.
Буџет: 183.000 МКД
Проектот е регрантиран од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со Автономен женски центар, Србија, а финансиски поддржан од Австриска Агенција за Развој
Слична содржина