Јаки жени ја јакнат заедницата
Времетраење: 01/09/2019 – 31/12/2020
Регион: Вардарски регион (с.Горобинци – општина Свети Николе, с.Иванковци – општина Велес с.Корешница – општина Демир Капија)
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Придонес кон креирање на овозможувачка околина за поголема вклученост на жените од три рурални средини од Вардарскиот плански регион во различни сфери на општествениот живот.
Специфични цел 1: Жените од руралните средини од три општини од Вардарскиот регион се свесни за важноста на сопствената благосостојбa
Специфична цел 2: Жените од таргетираните рурални средини имаат еднаков пристап до информации од нивен интерес
Специфична цел 3: Жените од руралните средини од три општини од Вардарскиот регион се активни чинители во нивните локални заедници
Активности:
- Реализирање на работилници за зголемување на знаењата и вештините на жените од три рурални средини од Вардарскиот плански регион
- Подготовка, печатење и дистрибуција на едукативни флаери
- Реализирање на отворени настани со едукативни квизови во секоја од таргетираните рурални средини
- Подготовка, печатење и дистрибуција на промотивни и информативни материјали
- Реализирање на анкета за идентификување на алатки за пристап до информации на различни целни групи
- Реализирање на состаноци и средби со одговорните локални чинители за воведување на алатки за поголема информираност на жените од руралните средини во нивните општини
- Реализирање на тренинг со жени и девојки од рурални средини за стекнување вештини за лидерство
- Иницирање пракса на заеднички средби помеѓу жените од руралните средини и локалните авторитети.
- Застапување и лобирање кај локалните авторитети за обезбедување и адаптирање на простор за дружење на жените од таргетираните рурални средини
- Реализирање на иницијативи поттикнати од жени
Буџет: 31.800 ЕУР
Проектот е финансиран од Фондација Kvinna till Kvinna, Шведска