Проект: Заедно да го победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на групата за самопомош 2
Заедно да го победиме ракот и придонесеме за поквалитетен живот на групата за самопомош 2
Времетраење: 01.01.2018 – 31.12.2018
Локација: Свети Николе
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Цел на проектот е зајакнување на самодовербата на жените заболени и лекувани од малигни заболувања, за полесно надминување на последиците од болеста преку давање на соодветна стручна психосоцијална помош и поддршка и рекреација.
Активности:
Работилници фасилитирани од доктор, психолог и тренер по зумба и рекреативни активности
Хуманитарен Велигденски штанд
Набавка на медицински градници
Едукативна трибина на тема „Фактори и причини кои доведуваат до малигно заболување и начини за полесно соочување со болеста“
Буџет: 150.000 МКД
Проектот е финансиран од Локална самоуправа на општина Свети Николе