Работен состанок на групата за самопомош
На 10 февруари 2026 година, во периодот од 18:30 до 20:30 часот, во просториите на ОЖО во Свети Николе се одржа „Работен состанок на групата за самопомош“, фасилитиран од работниот тим на групата.
Во рамки на состанокот:
– беше презентирана годишната програма за работа на групата;
– беше појаснет бројот и динамиката на реализација на работилниците;
– се споделија информации за соработката со едукаторите;
– се отвори дискусија за предлози, потреби и очекувања на членките на групата.
Состанокот се одвиваше во позитивна и охрабрувачка атмосфера, при што учесничките активно се вклучија во дискусијата и споделија сопствени ставови, искуства и предлози.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка – 2026“, финансиски поддржан од Локалната самоуправа на општина Свети Николе.



