Градење на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост

  • Почетна
  • Новости
  • Градење на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост

Реализиран тридневен тренинг за градење на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост

27 – 30 јануари 2026 | Хотел Тино Св. Стефан, Охрид

Во периодот од 27 до 30 јануари 2026 година во Охрид успешно се реализираше тридневен тренинг за градење на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост, наменет за зајакнување на знаењата, вештините и практиките за интегрирање на родовата перспектива во работата на општините.

Настанот обезбеди структуриран и интерактивен процес на учење, кој комбинираше применливи насоки, практични вежби, групна работа и активна дискусија. Учесниците имаа можност да разменат искуства, да ги продлабочат своите знаења и да развијат конкретни пристапи за унапредување на родовата еднаквост во локалните политики и услуги.

Во текот на првиот ден беа презентирани целите и програмата на обуката, беа поставени правилата за работа и се освежија основните родови концепти, како и обврските на јавниот сектор во насока на промоција на еднаквоста, спречување на дискриминацијата и примена на релевантната законска рамка.

Следните сесии се фокусираа на концептот на родово одговорни општини и општински услуги и еднакви можности преку интегрирање на различноста, попреченоста и човековите права во процесите на планирање и спроведување на локалните политики, како и на креирање родово сензитивни програми и планирање насочено кон резултати. Особено внимание беше посветено на користењето родова статистика и релевантни податоци како основа за информирано донесување одлуки.

Преку практични вежби и работа во групи, учесниците работеа на идентификување на локалните предизвици, трансформирање на проблемите во родово одговорни програми и примена на алатките и препораките од прирачникот подготвен во рамки на овој проект. Беа споделени и добри примери од праксата, што дополнително придонесе за инспирација и конкретни насоки за понатамошно дејствување.

Обуката заврши со евалуација и дефинирање на следни чекори, при што беше истакната заедничката посветеност за градење поинклузивни, правични и одговорни општини, во кои потребите на сите граѓани се препознаени и соодветно адресирани.

Реализацијата на овој тренинг претставува значаен придонес кон зајакнување на институционалните капацитети и создавање одржливи механизми за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво.

Активноста беше организирана од Организацијата на жените на општина Свети Николе, во рамки на проектот „Локален компас кон еднаквост“, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna (Шведска) и финансиран од UK International Development.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен