ОЖОСВН во соработка со волонтерите во обука од Мировниот корпус: Вероника, Крис и Бен, на 31.10.2023 оддржа работилница, насловена како „Grocery Games: What Can I Buy?“
Овој настан беше совршен начин да се заврши месецот октомври – месец за подигање на свеста за ракот на дојкапреку практикување на здрав начин на живеење, исхрана, вежбање, релаксација и редовни превентивни прегледи на доктор.
Учесничките кои беа дел од работилницата преку интерактивна игра открија како да прават поздрави избори кога купуваат намирници и да практикуваат поздрав начин на живот.
Благодарност до Доброволно противпожарно друштво од Свети Николе кое секогаш ни излегува во пресрет за бесплатно користење на нивниот простор.
Да продолжиме да ја шириме пораката за добро здравје и благосостојба и после октомври!