Жените од руралните средини се значаен дел од локалната заедница и нивните потреби и приоритети треба да бидат слушнати и вклучени во локалните програми и политики.
На 28 април, еден од приоритетите на жените од с.Корешница беше остварен.
Преку работилници во изминатите неколку години реализирани од ОЖОСВН, жените научија дека тие имаат свои права кои треба да ги бараат и застапуваат пред локалните власти. Излистаните проблеми и потреби на жените од село Корешница беа презентирани пред Градоначалникот на општина Демир Капија и беше разговарано на кој начин истите може да се решат и надминат.
Еден од приоритетите произлезени на овие работилници, беше потребата од простор за дружење на жените од селото. Во заедничка соработка со општина Демир Капија, комуналното претпријатие и жените од с.Корешница, сега оваа рурална средина доби нов уреден простор каде жените, децата и младите ќе може да се собираат, дружат и социјализираат. Општина Демир Капија се погрижи за партерно уредување на просторот, на кој наскоро ќе се постави и фонтана, а ОЖОСВН на барање на жените од селото, во договор со општината и со поддршка на проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ обезбедија клупи за седење, канти за ѓубре и садници цвеќе, кои во заедничка локална акција беа поставени.
Благодарност за отвореноста за соработка и целосната поддршка од страна на општина Демир Капија и се надеваме дека и во иднина ќе продолжат да ги слушаат потребите на жените и девојките и да излегуваат во пресрет за нивно надминување.
Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna