Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Моќта на личноста за справување со предизвиците

  • Почетна
  • ОЖО
  • Моќта на личноста за справување со предизвиците

На 27 април 2022 година во големата сала на локална самоуправа Свети Николе, се одржа работилница на тема „Моќта на личноста за справување со предизвиците“ која беше наменета и на истата присуствуваа членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести. Едукаторка на работилницата беше психологот Емина Петкова, која ги мотивираше жените од групата да ја пронајдат моќта во себе и со љубов и грижа за самите себеси, успеат да ги пребродат предизвиците и негативните мисли.

Целта на оваа работилница беше, учесничките да осознаат што значи моќта на останување во моментот во кој сме, насочување на вниманието кон себе и своето тело и превземање на активности за подобрување на состојбата и превземање на личната одговорност за тоа.

Насочени проблеми кои се дискутираа за време на работилницата во врска со оваа тема се: проблемот со отуѓеноста на луѓето и се поголема закана која произлегува како ефект од претераниот индивидуализам, како и насоките луѓето да се плашат едни од други. Исто така, беше разговарано и за моќта на медиумите кои бомбардираат со информации за болката, страдањата и жртвите и прават кај многу од нас, стравот да ја убие надежта.

Оваа активност е дел од проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“ кој финансиски е поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен