На 13.06 се одржа втората регионална средба за вмрежување „Регионално јакнење за унапредени услуги кон маргинализираните заедници“, на која присуствуваа претставници од релевантни институции од општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Свети Николе.
Состанокот беше во форма на отворена дискусија, каде на почетокот, секоја институција / организација ги претстави сопствените иницијативи и природата на нивната работа со маргинализираните поединци, искуствата од работа во пракса, постојаните предизвици, пречки и недостатоци во работата. Претставниците ги изразија своите гледишта за тоа како дополнително да се зајакне активното вклучување и придонесот кон целните групи и заедницата. Тие ги споделија конкретните активности и пристапи употребени во нивните соодветни организации, објаснувајќи ги нивните општи оперативни стратегии.
Во текот на целиот состанок, активното учество и ангажман беа истакнати бидејќи отворено беа споделени различни искуства, различни мислења и перспективи. Сепак, консензус постигнат беше признавањето на неопходноста од постојана и добро координирана комуникација и соработка прво на локално, а потоа и на регионално ниво, како и развој на ресурси, но и поддршка од локалните самоуправи и континуирана соработка со граѓанските организации. Овој колективен пристап се сметаше за суштински со цел да се надополнат и обезбедат сеопфатните услуги за маргинализираните поединци.
Продолжуваме и понатаму активно да работиме на развивање на регионалната соработка помеѓу општините од Вардарскиот плански регион, а со цел унапредување на пристапот до правда и надминување на несаканите состојби кај маргинилизираните лица и заедници.
Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2“. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.