Предизвици и избори: Емоционална благосостојба на жените

На 14.06 се одржа настан на тема „Предизвици и избори: Емоционална благосостојба на жените“. Фасилитаторка на овој настан беше психолог и тренер за арт терапија Цветанка Бурзевска, а модераторка м-р психолог Розалија Секуловска.

Иако настанот беше замислен како трибина, бевме предизвикани од временските промени кое се одрази на малата посетеност, па со умешност на фасилитаторката и модераторката и согласност на присутните учеснички настанот се одржа во форма на отворена дискусија и групна психотерапија.

Предизвиците и изборите пред кои е поставена жената во општеството и секојдневното функционирање се многу важен дел и имаат силно влијание врз емоционалната благосостојба на жените. Работата на себе, себепознавањето, посветеното време за своите интереси, одлучноста без срам и дополнителен товар и гешталт терапијата како алатка позитивно влијаат на развојот на личноста. Преку искуствен и холистички пристап психотерапијата ја нагласува интеграцијата на умот, телото и емоциите. Се фокусира на сегашниот момент, помагајќи им на поединците да развијат свест за нивните мисли, чувства и однесувања и како тие влијаат на нивната севкупна благосостојба.

На овој настан се опфати суштината на овде и сега свесноста која ја нагласува важноста да се биде целосно присутен во тековниот момент. Моќта на свеста каде развивањето на самосвеста е централен аспект на гешталт терапијата придонесува да станеме посвесни за мислите, емоциите и телесните сензации, да правиме избори што се усогласени со своето автентично јас.

Предавачките преку овој принцип на гешталт терапија, со меѓусебен разговор ги поттикнаа присутните да се вклучат во разговорот, да ги искажат своите емоции отворено, да ги поттикнат да ги стават своите потреби пред туѓите и да знаат да кажат НЕ без чувство на вина. Зборувавме дека работите треба да се работат со љубов, а не бидејќи тоа мора да се направи и дека така ни ствара притисок и одбивност спрема одредени работи. Се зборуваше и за депресијата и што всушност значи таа и како би можеле да го надминеме тоа. На крајот на самата трибина присутните добија вежба Тркало на животот која е одлична алатка која помага подобро да го направиме нашиот живот поурамнотежен.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен