Со цел да се подобри целосната работа, транспарентост и видливост на ОЖОСВН, во периодот јули-август 2020 г. беа ревидирани и изработени организациски документи кои ќе придонесат кон поголема транспарентост, ќе постават јасни правила во работењето и соочувањето и надминувањето на различни ситуации во ОЖОСВН.
За таа намена прво се формираше работна група од 10 учесници- од редовите на членови на извршната канцеларија, лица и волонтери ангажирани во активности, претставници на управен и надзорен одбор, делегат од собрание и претседателката на организацијата. Целиот процес беше воден од консултант кој, интегрирајќи ги сите забелешки, препораки и сугестии – ги финализираше документите. Работната група на почетокот ги доби сите потребни документи и материјали за ревидирање, а потоа, на 24 јули се одржа еднодневна работилница и, на крај, електронски консултации. Преку овој процес беа ревидирани и унапредени: Деловник за работа на Собрание, Деловник за работа на Управен одбор, Прирачник за раководење со човечки ресурси и Правила и процедури за финансиско работење. Овие документи се достапни на веб страната на ОЖОСВН.
Оваа активност е дел од проектот „Транспарентноста како политика за градење доверба“, регрантиран од Македонски центар за меѓународна соработка, финансиран и поддржан од Европска Унија.