Онлајн-кампања: „Јаки жени ја јакнат заедницата“

Во време на светска пандемија, општопознато е дека се зголеми потребата за електронска (онлајн) комуникација и, воопшто, работа. Следејќи го текот на потребите, ОЖОСВН се посвети на креирање на онлајн-кампањи, спроведувајќи ги во вид на постови објавувани на официјалната фејсбук страница на организацијата.

Откако успешно се заврши првата, втората кампања, насловена како „Јаки жени ја јакнат заедницата“ се спроведе во периодот од 24.06.2020 до 22.07.2020 и беше фокусирана на жените од руралните средини и нивната промоција и видливост, нивните приоритети, но, истовремено, опфати и информации на тема феминизам, родова еднаквост, родово-базирано насилство и слично.

Во насока на поголема посветеност која подразбира подиректна форма на комуникација, беше формирана и фејсбук-група за индивидуална поддршка на жени од таргетирани рурални средини, но, за жал, групата не можеше да профункционира поради тоа што поголемиот дел од опфатените жени не беа доволно технолошки и електронски писмени, што е показател дополнително за поактивна работа на терен и едукација на жените од руралните средини во оваа област.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен