Родово-базирано и врсничко насилство

На 9 декември се одржа трибина на тема „Родово-базирано и врсничко насилство“ и на истата присуствуваа ученици од средното училиште „Кочо Рацин“. Фасилитаторка на трибината беше претседателката на ОЖОСВН – Даниела Панева.

Учениците имаа можност да дискутираат за видовите на насилство и како тие да бидат препознаени. Оваа трибина беше во организација на Комисија за еднакви можности, ОЖОСВН и МВР – Свети Николе – Сектор за превенција.

Оваа активност беше во склоп на 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Да кажеме НЕ на насилството!

Оваа активност е дел од проектот “Јаки жени ја јакнат заедницата 2” финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен