Родово-базирано насилство и предизвиците во рурална средина

На 22 декември се одржа трибина во с.Ерџелија на тема Родово-базирано насилство. Трибината беше водена од Даниела Панева и на истата учествуваа 20 жени и девојки.

Жените на самата трибина имаа можност да се запознаат со различните видови на родово-базирано насилство (психичко, физичко, економско, семејно) и како полесно да го препознаат, превенираат и реагираат. На самата трибина беа презентирани и неколку студии на случаи, за да може присутните поблиску да се запознаат со различните видови насилство.

Овие примери беа поттик за присутните да се отвори дискусија која беше во насока како да дојде до поголема поддршка помеѓу нив самите за да можат да се поддржуваат во било какви ситуации и да разговараат едни со други, да бидат солидарни и заеднички да побараат помош доколку се соочат со некој вид на насилство.

Учесничките на трибината, на крајот, го искажаа своето задоволство од трибината и побараа повеќе работилници на различни теми, но и истакнаа дека им е потребна едукација и нивно поактивно вклучување.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен