Стекнување знаења и вештини за унапредување на локалните политики од родова перспектива

  • Почетна
  • Новости
  • Стекнување знаења и вештини за унапредување на локалните политики од родова перспектива

На 26.10 и 02.11. се одржаа две еднодневни работилници за стекнување знаења и вештини за унапредување на локалните политики од родова перспектива на која што присуствуваа членки на мрежа НИКА, членови на совет на општина Свети Николе и локална администрација.

На овие работилници, учесниците добија информации и се едуцираа за законската рамка која ја опфаќа родовата еднаквост, циклусот на креирање јавни политики, кои се примарни и стратешки потреби на жените и мажите на локално ниво и како да се идентификуваат проблемите од родов аспект. Исто така, со практична примена и работа во групи научија како да прават родова анализа и зошто се важни родовите индикатори, а потоа правеа родова анализа на 5 програми на општина Свети Николе за 2022 и креираа предлог решенија за како да се подобрат и унапредат истите за 2023 година.

Овој состав на учесници, каде на една обука присуствуваа лица кои ги креираат локалните политики, лица кои ги следат локалните процеси и најважно лица кои имаат одлучувачка моќ е индикатор дека општина Свети Николе е отворена за партиципативно унапредување на програмите и политиките на општината.

Се надеваме дека овие работилници ќе имаат влијание во процесот на креирање на програмите за 2023 година на општина Свети Николе и со тоа општината ќе биде родово одговорна вклучувајќи ги подеднакво потребите и на мажите и на жените во локалниот буџет.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен