Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Мовембер

„Мовембер“ има за цел да  поттикне разговор и да ја зголеми свеста за ракот на простата, но исто така, е фокусиран и на ракот на тестисите и проблемите со менталното здравје. Стапката на карцином на тестисите е двојно зголемена во последните години. Околу овие здравствени проблеми сè уште владее тишина, која благодарение на „Мовембер“ се разбива.

Движењето Movember има австралиско потекло и започна во 2003 година кога двајца Австралијци, Тревис Гароне и Лук Слетери, решиле да започнат шега меѓу своите пријатели, враќајќи ја модата на одгледување мустаќи. Првите 30 Mo Bros беа пионерите зад No-Shave-November и решија да го искористат предизвикот за да се залагаат против рак на простата. Тие решиле да го поврзат предизвикот со сина лента со цел да се залагаат за здравјето на мажите.  Подоцна стапиле во контакт со Фондацијата за рак на простата од Австралија, која ги прифатила средствата собрани преку движењето. Растот на Movember не застана тука бидејќи почнал да станува попопуларен низ целиот свет.

Секоја година, во месец ноември, мажите низ целиот свет пуштаат бркови – што има многу подлабоко значење од само декорација на нивното лице. Со цел да се подигне свесноста за здравјето на мажите, во месец ноември, покрај годишните редовни прегледи, мажите се охрабруваат да бидат свесни за семејната историја на рак и да воведат здрав начин на живот. „Мовембер“ е едномесечна кампања за собирање финансии и подигање на свеста за здравствени проблеми кај мажите, како што се рак на простата, карцином на тестиси и проблеми со менталното здравје, како што се депресија и анксиозност.

Правила кои треба да ги почитувате доколку сакате да бидете дел од оваа глобална акција

1.Движењето се занимава само со растење мустаќи, а не брада.

2.На први ноември треба да бидете избричени и практично да почнете од нула со растење на мустаќите.

3.Одберете стил кој најдобро ќе ви прилега.

4.Мустаќите може да ги кратите повремено, но не смеете да ги отстраните до крај на месецот.

Не заборавајте дека менувате многу повеќе од само вашиот изглед. Приспособете  го вашето однесување, едуцирајте се и информирајте ги вашите најблиски за машкото здравје.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен