Тренинг „Градење мостови со локалните заедници“ – Р.Хрватска

  • Почетна
  • Новости
  • Тренинг „Градење мостови со локалните заедници“ – Р.Хрватска

Во периодот од 25.11 до 01.12.2024 во Карловац, Р. Хрватска се одржа тренингот „Градење мостови со локалните заедници“ („Building Bridges with Local Community”), како дел од Еразмус + програмата кој беше спроведен од страна на носителот на проектот, организацијата Carpe Diem од Карловац – Р.Хрватска. На тренингот, учество зедоа повеќе од 25 учесници, претставници од 12 партенрски организации од 12 држави (Хрватска, Италија, Македонија, Шпанија, Украина,Грузија,Молдавија, Турција, Полска, Малта, Азербеџан, Босна и Херцеговина). Од Организација на жените на општина Свети Николе, како партнер организација во проектот, претставници на тренингот беа учесничките Евгенија Тасева и Марија Лазева.

Главната тема на тренингот беше поврзана со миграција и видови на миграција. Имаше и акцент дадено на младинската работа и идеи за работа со млади.

Во деновите додека се одржуваше тренингот низ различни методи и алатки, учесниците ги проширија своите знаења за миграциите кои се особено актуелни последните неколку години. Тренингот започна со видови младинско учество, што претставува младинско учество и начини за подобрување на истото. Потоа, учесниците се запознаа со различни термини поврзани со миграција и видовите миграција. Исто така, низ играње улуги, учесниците имаа активност со симулација на миграција, а секој учесник беше во улога на бегалец во миграциони групи кои имигрираат во различни држави заради загрозени услови на живот во нивните места на живеење. Со таа активност учесниците беа запознаени со предизвиците со кои се справуваат бегалците додека пристигнат во државата каде имигрираат.  Исто така, на тренингот имаше и симулација на градење на општество и вклучување на мигрантите во општеството без комуникација, туку со мимики и пантомими. Овие активности придонесоа учесниците поконкретно да сфатат и научат низ кои проеблеми и предизвици минуваат мигрантите, но и како да им помогнат и да ги интегрираат во новата заедница.

Последните два дена од тренингот, учесниците низ работа во групи, работеа на креирање на работилници и споделување на идеи, како да им се пристапи на младите во заедниците од каде доаѓаа учесниците и како на нив да влијаат позитивно и активистички.

Овие партнерски проекти се можност за младите од нашата заедница да работат на зајакнување на своите капацитети, стекнување на нови знаења, вештини, искуства, пријателства, да запознаат млади од различни држави и да споделат искуства од нивен интерес. Затоа ОЖОСВН и понатаму ќе продолжи да шири партнертства и заеднички активности и проекти во интерес на младите.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен