Ана и Анастасија од Делчево, кои претходно беа дел од тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ на 04.12.2023 ги споделија своите стекнати знаења со своите врсници, преку дискусии за родовата еднаквост.
За време на сесијата, нивните дискуии беа фокусирани на рушење на стереотипите и промовирање на родовата еднаквост. Заедно, тие се вклучија во креативна активност, изработувајќи постери со пораки кои имаат за цел да ги зајакнат жените и девојките и оспорат општествените норми.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.