Ана и Ивона од Свети Николе кои зедоа учество на тренингот „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ денеска одржаа десиминација во СОУ „Кочо Рацин“- Свети Николе пред своите соученички од втора година.
Целта на работилницата беше да се зголеми разбирањето на концептот на идентитетот и да се прошири свеста за себе и да се промовира солидарноста и почитта.
Со започнување на разговори на вакви клучни теми, младите активно придонесуваат кон креирање на заедница која ги почитува и третира сите луѓе подеднакво.
Благодарност до СОУ Кочо Рацин – Свети Николе кој секогаш излегува во пресрет за реализирање на активности на ОЖОСВН.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.