Трибина на тема: „Имотно правни односи- разбирање на вашите права“

  • Почетна
  • Новости
  • Трибина на тема: „Имотно правни односи- разбирање на вашите права“
На 05 декември во Свети Николе се одржа трибина на тема „Имотно правни односи- разбирање на вашите права“ која беше водена од нотарката Јорданка Димчева.

Трибината имаше за цел да ја промовира канцеларијата за бесплатна правна и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН, како и одблиску да ги запознае присутните со законот за сопственост, заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница, законот за наследување и законот за облигациони односи (договор за продажба, договор за дар, договор за дар во случај на смрт, договор за доживотна издршка, договор за распределба на имот за време на живот).

Бидејќи на трибината можеше отворено да се дискутира, се покренаа нови прашања со цел да се разјаснат и други дилеми и нејасноти. Со присутните се дискутираше за отуѓување на имот со ко-сопственост, оставање на тестамент, оставинска постапка по службена должност. Активното учество на присутните им помогна на сите да дознаат повеќе за овие теми и им олесни на сите да ги разберат своите права кога станува збор за имотно правни односи. Исто така, правниот тим и нотарката ги охрабрија присутните дека слободно за било какви правни прашања може да се обратат до нив и да добијат бесплатен совет.

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2“ е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.
 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен