Работилница: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна – Велес

  • Почетна
  • Новости
  • Работилница: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна – Велес
Сашка и Христина од Велес, кои претходно беа дел од тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ на 23.11. 2023год. ги споделија своите стекнати знаења за родовата еднаквост со младите од Велес.
Сашка и Христина на учесниците им презентираа за стереотипите, родовата еднаквост и дискриминација. Учесниците ги споделија своите размислувања, искуства и сфаќања за родовата еднаквост.
Отворените дискусии на теми како дискриминација и родова еднаквост допринесуваат во создавање на поинклузивна заедница.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен