Вежби со групата за самопомош

На 15.11.2022 година со почеток во 18:30 часот ОЖОСВН реализираше работилница со групата за самопомош. Работилницата ја водеше физиотерапевтка Марија Таушанова Стеванова.

Целта на оваа работилница е да им посочи жените дека рехабилитација во постоперативен стадиум е задолжителна и дека треба да се започне веднаш после интервенција, а може и за време на хемотерапијата.

На неправилното телесно држење може да влијаат причини од најразлична природа како што се: неправилности во развојот, намалување на мускулната способност, слабата исхрана, дебелината, психолошките состојби, патолошките состојби , постоперативни интервенции и др. Во такви ситуации се појавуваат лоши навики на телесно држење, нарушување на рамнотежата на силите на мускулно –коскениот систем, а за подобрување на настанатата состојба потребен е подолг временски период. Потребно е секојдневно телесно вежбање во подолги периоди со примена на адекватни телесни вежби со што ќе се влијае на нервно-мускулниот систем преку промена на навиките на телесното држење и движење.

Оваа работилница е дел од проектот “Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“ финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен