Млади медиуми

Во рамките на проектот „Млади Медиуми“, спроведуван од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Радио МОФ и УГД ФМ Универзитетско радио, а поддржан од страна на Дојче Веле Академија, финансиран од страна на Република Германија – Сојузно министерство за економска соработка и развој (Bundesministerium für wirtschaftliche zusammenarbeit und Entwicklung), во период од 04-06 ноември се одржа обука каде нашата волонтерка, Стефанија Арсова зеде учество, а со цел да стекне знаења за понатамошниот процес каде беше вклучена како модераторка на фокус група во Свети Николе.

Оваа фокус група се оддржа на 15 ноември 2022 година со почеток од 18:00 часот во просториите на ОЖОСВН, а темата беше Млади и медиуми. На истата учествуваа 8 млади, кои имаа можност отворено да зборуваат и да ги искажат своите ставови и мислења за медиумската писменост и медиумските навики. Учесниците беа вклучени во секоја дискусија и се отворија прашања за нивната медиумска писменост, следење на сајтови за млади, критичко размислување и други ставови во врска со оваа тема.

Во тековниот период ќе се спроведат вкупно 10 вакви фокус групи во различни градови, а истите ќе придонесат кон информации и сознанија за како да ги мотивираат и да ги поттикне младите луѓе да учествуваат во создавање на медиумскит содржини, како и тие содржини критички да ги осмислат и променат.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен