Завршен настан со групата за самопомош

Завршувањето на една и започнувањето на нова година, е период кога рефлектираме на она што поминало низ годината што си оди, но и што може да унапредиме и како да бидеме подобри во годината што доаѓа. За да се заокружи годината, да се споделат впечатоци од активностите реализирани низ годината, да се искажат идеи за унапредување на работата на групата за самопомош, ОЖОСВН организираше завршен настан.

На самиот настан, членките на групата за самопомош беа запознаени и со годишната Здравствена програма на ОЖОСВН и активностите планирани за 2023г., активностите во проект одобрен од Локална самоуправа на општина Свети Николе итн.

Овие настани се многу значајни за унапредување на работата на групата, но од друга страна и корисни бидејќи жените во неформална средина се дружат, разменуваат идеи, споделуваат информации и квалитетно го исполнуваат своето слободно време. Сето ова влијае на самодовербата кај овие жени, солидарноста и меѓусебната поддршка.

Оваа активност е дел од проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“, финансиски поддржан од Локална самоуправа Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен