Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Инфо сесија за Законот за младинско учество и младински политики

  • Почетна
  • Новости
  • Инфо сесија за Законот за младинско учество и младински политики

На 17 јануари се одржа инфо сесија за Законот за младинско учество и младински политики на која присуствуваа претставници од институции/здруженија кои работат со млади, дел од советници, службеникот за млади, претставник од совет на млади и млади од општина Свети Николе.

Самата инфо сесија ја отвори и модерираше, претседателката на ОЖОСВН, Даниела Панева, која го презентираше проектот и активностите планирани за проектот.

Повеќе за самиот Закон, објасни Драгана Митровиќ, која зборуваше за должностите на секоја општина во однос на овој Закон, опфаќајки ги: службеникот за млади, буџетски средства кои самата општина треба да ги издвои за активности за млади, прилагодување на општинските политики за млади, обврските околу отворање на младински центар до 2026 година, како и други делови кои законски треба секоја општина да ги обезбеди за младите.

Презентацијата покрена дискусија кај присутните и се споделија различни мислења од различните локални чинители. Претставник од Советот на општина Свети Николе, Кристијан Кузелов, истакна дека Законот е добра основа за покренување на младиснкиот активизам на локално ниво, искажа отвореност за потребите на младите и интерес за поголема соработка со Локалниот младински совет. Службеникот за млади Ивица Арсов ги презентира активностите планирани за младите во тековната година и тековниот процес за Статутарни измени во согласност со законските обврски, сподели информации околу процесот на отварање на МКЦ и искажа отвореност за било какви прашања во интерес на младите.

Оваа активност е дел од проектот „Вклучени млади, силни заедници“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен