Жените од руралните средини се дел од заедницата!

  • Почетна
  • ОЖО
  • Жените од руралните средини се дел од заедницата!

Во првата половина од декември, претставнички на жените од руралните средини Иванковци, Корешница и Горобинци, заедно со тим од ОЖОСВН, остварија средби со градоначалниците и релевантни претставници од таргетираните општини, а во согласност со надлежностите.

На средбата помеѓу Градоначалникот на општина Свети Николе и претставничките од село Горобинци, претставничките од општина Велес, (раководителка на одделение за јавни дејности и координаторката за еднакви можности на мажите и жените) на средбата со претставничка на жените од село Иванковци, како и на средбата на Градоначалникот на општина Демир Капија со претставничките на село Корешница беа излистани приоритетните проблеми на жените од овие рурални средини. Но исто така, на овие средби, се разговараше и за конкретни можни решенија, предлог идеи, соработка и заедничка поддршка за подобрување на квалитетот на живот на жените во руралните средини. За дел од барањата се застапувавме и побаравме конкретни рокови и ветувања, а од општинските власти добивме конкретни одговори, отвореност за соработка и целосна поддршка во работата. Дел од изнесените барања и самите општини ги имаа детектирано и веќе се обврзаа и се ставени за реализација во програмата и буџетот за 2022 година.

Ние и понатаму ќе продолжиме да ги охрабруваме жените од руралните средини да ги застапуваат своите интереси и покренуваат иницијативи пред локалните власти за да бидат слушнати и вклучени во заедницата.

 

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен