Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Виктори декорации е социјално претпријатие и истото работи како декоративен и
креативен центар за изработка на различни видови на декорации и украси, примарно
за детски родендени, но и други видови на прослави, а прибраните средства се наменети за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања давајќи им психосоцијална помош и поддршка, набавка на медицински помагала, градни протези, перики, турбани, како и финансиска поддршка за лекови и патни трошоци за терапии.
Буџет: 6.170 ЕУР
Проектот е регрантиран од Центар за истражување и креирање политики, а финансиран од Европската Унија