Проект: Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство
Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство
Времетраење: 01.01.2021 – 31.12.2021
Локација: Општина Свети Николе
Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе
Главна цел: Да се придонесе кон подобрување, унапредување или воведување нови локални политики за помош и поддршка на жените и девојките жртви на семејно и/или родово базирано насилство
Активности:
Да се изработи Методологија за спроведување на Процена на потребите за помош и поддршка на жените жртви на насилство кои го напуштиле насилниот партнер и/или донеле одлука да го напуштат
Да се подготви извештај со наоди од спроведената процена
Да се подготви Програма за реинтеграција на локално ниво преку усогласување на Предлог моделот за реинтеграција на жени жртви на семејно насилство со наодите од извештајот од спроведената проценка
Да се развие план за застапување на програмата за реитеграција на локално ниво
Да се започнат активности за застапување пред локали и национални институции и агенции за усвојување и институционализирање на предлог програмата за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство и семејно насилство на локално и национално ниво.
Буџет: 183.000 МКД
Проектот е регрантиран од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во партнерство со Автономен женски центар, Србија, а финансиски поддржан од Австриска Агенција за Развој