Барање на понуда за промотивни материјали

До: Сите заинтересирани страни

 

Предмет: Барање на понуда за промотивни материјали

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм, Шведска има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.

 

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

– Џебно огледалце два принта во боја (порака и логоа) – количина 250

– Држач за ташна со еден принт во боја (лого)- количина 250

– Платнена торба со можност за склопување со два принта во боја (порака и логоа) – количина 250

Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведените производи со различен квалитет и цена.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата е-маил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 15 мај 2024 година (среда).

 

НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и пресметана испорака до Организација на жените на општина Свети Николе на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе.

Краен рок за достава на принтаните материјали е 22 мај 2024 година (среда).

Лице за контакт: Александра Тодевска 078 264 823

 

Со почит,

ОЖОСВН

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен