Да креираме Програма за млади на општина Свети Николе според нивните потреби

  • Почетна
  • Новости
  • Да креираме Програма за млади на општина Свети Николе според нивните потреби

На 26.05 се одржа работилница за „Подобрување и унапредување на Програма за спорт и млади на општина Свети Николе”. Фасилитаторка на работилницата беше Драгана Митровиќ.

Главна цел на работилницата беше да се запознаат учесниците со процесот на креирање општински програми, како и да се научат да ги креираат програмите на партиципативен начин, а со тоа да бидат и активно вклучени во нивното креирање со акцент на Програмата за спорт и млади на општина Свети Николе.

ОЖОСВН верува во моќта на соработката и вклучувањето на нашите млади во процесите на креирање и донесување одлуки кои директно влијаат на нив и нивните потреби!

За време на работилницата, преку продуктивна дискусија и интерактивни активности, работа во групи и презентации се разменија идеи, размисувања, ставови, мислења. Младите од Свети Николе ги идентификуваа потребите и предизвиците со кои се соочуваат и предложија идеи што би сакале да се имплементира во програмата за 2024 година. Учесниците беа со став дека треба да има посебна програма за млади, односно да се издвои истата од програмата за спорт и малди како што е сега. При тоа на работилницата се потенцираше и важноста за подеднаква застапеност на потребите на момчињата и девојките во Програмата за млади за 2024 година, како и обезбедување на повеќе финансиски средства од општинскиот буџет за нејзина реализација.

Младите учесници беа мотивирани да ги споделат своите идеи и да ги искажат проблемите со кои се среќаваат во секојдневниот живот, а фасилитаторката обезбеди продуктивна и инклузивна средина за сите учесници. Се надеваме дека ги поттикнавме учесниците на работилницата да бидат поактивни во заедницата и да се застапуваат за своите интереси, а донесувачите на одлуки во општина Свети Николе ќе имаат слух за потребите на младите и подобрување на нивната положба во заедницата.

Заедно, можеме да создадеме подобра иднина за младите од Свети Николе!

Оваа работилница е дел од проектот „Вклучени млади, силни заедници“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен