Барање на понуда за набавка на целосна конструкција на кош

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Вклучени млади, силни заедници“ финансиски поддржан од Европска Комисија, а регрантиран од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ во реализација на Коалиција на младински организации СЕГА, има потреба од прибирање на понуди за набавка на кош со целосна конструкција (столб, табла, обрач, мрежа).

 

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

– Цена на табла за кош

– Цена на обрач

– Цена на столб

– Цена на мрежа

– Цена за достава до Свети Николе

– Цена за монтажа од ваша страна

 

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД без ДДВ. Плаќањето ќе биде на фактура без ДДВ. (проектот е ослободен од плаќање на ДДВ).

 

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 13 јуни 2023 година (вторник) до 14 часот.

Со почит,

ОЖОСВН

Барање – набавка на целосна конструкција на кош

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен