На 28 мај 2025 година, ОЖОСВН ја реализираше третата од четирите предвидени работилници во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“.
Насловот на оваа работилница беше „Девојки во акција“, со цел младите девојки – „Менторки на иднината“ – преку примери, интерактивни вежби и улоги, заеднички да ги истражуваат разликите и сличностите помеѓу половите, како и што значи вистинска родова еднаквост во денешното општество.
Работилницата им овозможи на девојките да го изразат своето мислење, да ги зајакнат своите вештини и да се запознаат со концептот на правична распределба на можностите без разлика на полот. Исто така, дискутиравме за предизвиците што ги носи секојдневниот живот, но и за моќта што ја имаме кога сме заедно и кога ги разбираме и прифаќаме нашите разлики.
Со вакви активности ја негуваме свеста и важноста на еднаквоста, како и поддршката што им е потребна на девојките за да растат како силни и самоуверени лидерки.
Благодарност до сите учеснички за нивната активност и креативност! Овие работилници се само дел од процесот на оформување на млади девојки-лидерки, подготвени да препознаваат предизвици и да иницираат промени во заедницата во која живеат
Продолжуваме со нови активности. ОЖОСВН со голема посветеност ја спроведува програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, која има за цел да ги мотивира, охрабри и подготви младите жени за активна улога во општеството.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондација Kvinna Till Kvinna и Шведска.