Грижа за себе и сопственото ментално и физичко здравје

Здравјето е општа состојба на човековото тело, ум и дух и отсуство на болест, повреда или болка. Да се ставите себе си на прво место воопшто не ве прави лош и себичен човек. Напротив, ако го направите тоа, ќе можете подобро да ги решавате проблемите и ќе бидете поприсутни во животот, особено ако сакате да бидете добра личност која се грижи за нејзините најблиски.

Во периодот декeмври 2019 – февруари 2020, ОЖОСВН реализираше едукативни работилници на тема „Грижа за себе и сопственото ментално и физичко здравје“, наменети за жени и девојки во с.Иванковци – општина Велес, с.Горобинци – општина Свети Николе и с.Корешница – општина Демир Капија.

Цел на работилниците беше, жените и девојките од руралните средини поблиску да се запознаат со себе-грижата, грижата за сопственото ментално и физичко здравје, здравиот начин на исхрана, позитивната мисла и енергија, како и здравите животни навики.

Работилниците ги водеа докторка Гордана Митева и психолог Емина Петкова. Работилниците беа интерактивни и побудија особен интерес кај жените учеснички. Тие беа многу задоволни со тематиките на работилниците и воопшто, од тоа како истите беа организирани и изразија интерес за уште вакви настани и активности во нивното село.

Здравјето е состојба на целосна, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци.

Не постои никој и ништо што може да застане пред вашето здравје!

Девојки и жени: здравите животни навики, вежбањето, здравата исхрана и редовните прегледи се многу важни ако сакате да бидете силни и да имате полесен живот!

 

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен