Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Вируси

На 03 март 2020 година, со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше работилница за членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Темата на работилницата беше појавата на вирусите, со акцент на актуелниот вирус – „Ковид-19“ кој е нов вид и сè уште непознат за научниците, а истиот зазема брз и силен замав на светско ниво. Работилницата се спроведе во присуство на 16 жени, а беше водена од едукаторките др. Гордана Митева и психолог Емина Петкова.

Целта на оваа работилница беше низ интерактивен пристап присутните да се запознаат и да научат повеќе за:

– Разликите меѓу бактериите и вирусите и што треба да преземат за да се заштитат;

– Колку и какви видови на вируси ни се познати до сега и како тие делуваат на нашиот организам;

– Ако човекот е здрав и знае како да се заштити – може многу да придонесе за пошироката заедница.

Оваа работилница беше инспирирана од појавата на новиот корона вирус и наменета за жените заболени и лекувани од малигни болести, а поради потребата од поголема заштита заради нивната состојба на намален имунитет, хронични болести, тешки терапии итн.

Присутните истакнаа дека оваа работилница е многу корисна за нив, со информации и знаења кои претходно никој не им ги презентирал на тој начин и би сакале во иднина да се реализираат уште вакви работилници со слична тематика.

Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен