На 05 јули 2020 година, со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше работилница за мерки и заштита од „Ковид-19“ и за тоа како функционираат здравствените организации во услови на пандемија.
Работилницата се одржа за членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, а се спроведе со почитување на ситe мерки и протоколи за заштита. На присутните им беа поделени визири – донација за групата за самопомош од Асоцијација на специјализанти и млади лекари – АЦМЛ, набавени со посредство на порталот Ovcepole.mk (истата асоцијација обезбеди и маски за членките од групата).
На оваа работилница присуствуваа 16 жени, а беше водена од др. Гордана Митева.
Целта на оваа работилница беше присутните да се запознаат со тоа како функционира здравствениот систем за време на пандемија, како да ги остваруваат своите редовни контроли и како да дојдат до потребната редовна терапија која е достапна само во Онкологија во Скопје. Исто така, беа посочени мерки кои се потребни за да се заштити секој пединец во општеството со цел да го зачува своето и здравјето на најблиските. Ако човекот е здрав, се грижи за сопственото, а со тоа и за колективното здравје и знае како да се заштити и превенира, придонесува за побрзо надминување на новонастанатата ковид-пандемија и влијае позитивно кон пошироката заедница.
По завршувањето на работилницата, присутните беа задоволни од добиените информации и сознанија, па искажаа интерес наскоро пак да се реализира ваков тип активност.
Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.