„Невидливиот круг – од семејно насилство до булинг“

  • Почетна
  • ОЖО
  • „Невидливиот круг – од семејно насилство до булинг“

Во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, на 2 декември (четврток) 2021 година, со почеток во 12:30 часот во Големата сала во општинската зграда во Свети Николе, се реализираше јавна трибина „Невидливиот круг – од семејно насилство до булинг“ која беше фасилитирана од Наташа Димеска, психолог.

На оваа трибина учествуваа девојки од 13 до 18 години од општинските основни и средни училишта. Учесничките имаа можност да се запознаат поблиску со видовите на насилство, предизвиците и опасностите во секојдневиeто. Посебно внимание се посвети на меѓуврсничкото насилство и како да се препознае, превенира и реагира, но и како тоа е причина за долгорочни последици и градење на традиција на насилници во едно семејство.

Трибината е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ кој го реализира Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиски поддржан од шведската фондација Квина тил квина.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен