Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Нема оправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња

  • Почетна
  • ОЖО
  • Нема оправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња

Во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, на 2 декември 2021 година, со почеток во 17:00 часот во Големата сала во општинската зграда во Свети Николе, се реализираше јавна трибина „Нема оправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња“ која беше фасилитирана од Благица Киров, активистка за пристап до правда.

Оваа трибина беше наменета за општа популација, релевантни локални институции, потенцијални жртви на насилство. Учесничките имаа можност да се запознаат поблиску со родово базираното насилство и различните форми на манифестирање на насилство врз жените, митови и факти за насилството, динамика на семејно насилство, карактеристики на жени жртви и сторителите на насилство, како и со корисни информации за превенција и реагирање во случај на насилство.

Трибината е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ кој го реализира Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиски е поддржан од шведската фондација Квина тил квина.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен